Дачиќ: Голема Албанија е примарна цел на сите Албанци
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека албански политичари се главна закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа, и оти ЕУ треба тоа да го разбере.
Во изјава за бриселски Еуроактив, Дачиќ рече дека е „целосно апсурдно“ да се смета оти „Белград шири страв на Балканот“.
-Координираните изјави на Рама, Тачи и градоначалникот на Бујановац, Јонуз Муслиу, покажуваат дека голема Албанија е примарна цел на сите Албанци, изјави Дачиќ.
-Длабоко жалам што Европјаните и меѓународната заедница особено ЕУ, не реагираат на фактот дека албански политичари се најголема закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа, нагласи српскиот министер.
Тој додаде дека ЕУ треба да ги заштити своите основачки принципи и достигнувања „ако и понатаму важат и ако и понатаму се почитуваат“.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
