Дачиќ: ЕУ уште еднаш покажа двојни стандарди
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека вчерашната изјава на портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Коцијанчич, за тоа како Србија треба да се однесува кон албанското малцинство, „уште еднаш покажува постоење на двојни стандарди“.
Тој потсети дека само пред еден месец Тове Ернст од прес службата на Европската комисија на прашањето за забрана за употреба на кирилицата во Вуковар изјави дека ЕУ нема надлежност во врска со малцинствата, туку дека тоа е ингеренција на земјите-членки кои донесуваат одлука за малцинствата.
- Коцијанчич вчера изјави дека Србија е должна да се однесува кон албанското национално малцинство согласно европските стандарди и конвнции. Како е можно за Србија и Хрватска да постојат два критериума? Правата на националните малцинства се веројатно универзална категорија, или тие се само за Србија?, нагласи Дачиќ.
Ново на Сител
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела