Дачиќ до Борисов: Не му држи лекции на Борел
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово и да не му „држи лекции” на новоизбраниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Реагирајќи на изјавата на Борисов дека шпанскиот дипломат треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста на Косово, а не и на неговата земја, која не го признава Косово, Дачиќ за РТС изјави дека ставот на Унијата „не е дека Косово е независно”.
– Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. На што тоа ти личи, тоа е безобразно. Најмногу ме нервира лицемерието, доста ми е повеќе од тоа. Да не кажувам дека тој доби наш орден – рече Дачиќ.
Тој кажа дека САД подготвуваат документи со предлог за решавање на косовското прашање, кои, меѓу другото, подразбираат Белград да престане со акцијата на лобирање за повлекување на признавањето на Косово, а Приштина за возврат да ги укине таксите за увоз на српски производи.
– Ако Приштина запре со лобирањето за независност, ќе престанеме и ние да лобираме за повлекување на признавањето, но тоа нема да се случи. Тие сакаат ние да направиме нешто за да Приштина ги укине таксите. Ние сакаме дијалог, но не и со таксите, тие мора да бидат укинати со цел дијалогот да продолжи – рече Дачиќ.
Тој изјави дека официјалните претставници на ЕУ се однесуваат како „тибетски мудреци” кои „постојано ги толерираат” едностраните акти и провокации на Приштина со цел, како што кажа, „да му ја отсечат главата на дијалогот“.
Ново на Сител
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
-
Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час