Да се купува мед од познат пчелар или со назнака „органски“, порачуваат пчеларите
Граѓаните треба да купуваат мед од познат пчелар или со знак за квалитет на етикетата, така ќе бидат сигурни дека купуваат квалитетен производ, сметаат пчеларите.
Медот, според Горан Блажески секретар на Пчеларското здружение „Охрид“, можеби е најпосакуваниот органски производ, кој има безброј намени не само во медицината, туку и во другите гранки.
- Обичниот граѓанин треба да купува мед од познат пчелар, така загарантирано ќе е заштитен. Природниот мед кристализира, додека вештачкиот не кристализира, појасни Блажески.
Претседателот на Регионалниот пчеларски сојуз од Битола, пчеларот Менде Трајковски советува ако граѓаните немаат познат пчелар и не можат да знаат дали медот кој го купуваат е органски, да го побараат знакот за квалитет и органски мед.
- Купувачот да го побара знакот за органско производство на етикетата, кој со дозвола на Министерството за земјоделство го користат сертифицираните органски производители. Знакот е гаранција дека производот навистина е органски, посочува Трајковски.
Пчеларите предупредуваат дека за квалитетот на медот посебно треба да внимаваат лицата кои боледуваат од дијабетес затоа што неорганскиот мед поседува големо количество шеќер, кој во органскиот мед го нема.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи