Да се избегнува престој на отворено од 11 до 17 часот
Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна, се препораките на Министерството за здравство кои вчера ги истакна на интернет страната www.toplotnibranovi.
За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Овие мерки се преземаат по најавените високи температури што ќе ја зафатат Македонија до недела, а ќе се движат во интервал од 35 до 40 степени Целзиусови.
Значителен пораст на температурите се очекува утре и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство најави дека во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.
Во текот на денешниот ден, само југоисточниот регион ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Овој регион ги опфаќа градовите Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Радовиш, Струмица, и околните градови и населени места, каде што се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.
Од Министерството за здравтсво препорачуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата