Да не се заборави: Боге и Свето ги врзаа за столб и ги разнесоа заедно со мотелот „Бриони“

Боге Илиевски и Светислав Трпковски, вработени во мотелот „Бриони“ во село Челопек близу Тетово, на свиреп и ужасен начин ги загубија животите. Додека дежурале ноќна смена во мотелот, тие биле фатени, врзани за еден од потпорните ѕидови на мотелот и со експлозив разнесени заедно со објектот. Снимката од нивните нозе среде урнатините на мотелот, таа 2001 година го обиколија светот.
И по 15 години, извршителите на овој гнасен чин не се пронајдени. Единствено се знае дека овој монстурозен злостор го направиел припадници на тогашната Ослободителна народна армија (ОНА) која во 2001 година се бореше против македонските безбедносни сили.
Тие се ѕверски убиени само две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше окончан воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Петнаесетгодишнината од нивното убситво е обележана со парастос на православните гробишта во Челопек и на местото на ужасното злосторство, покрај урнатините на мотел „Бриони“, кои до ден денес сведочат за крвавиот конфликт.
Семејствата на убиените се револтирани што случајот „Бриони“ никогаш не е расветлен.

-Поминаа 15 години од крвавиот масакр, а до сега ниту една власт не почна истрага за убиствата на нашите најмили. Бараме правда, зошто неправедно се убиени додека заработуваа леб за своето семејство, вели Љупчо Начевски, зет на убиениот Светислав Трпковски.
Мотелот „Бриони“ и натаму е во урнатини зошто на задругата „Единство“ не и се дозволува да го обнови зошто земјиштето на кое стојат урнатините е државно.
Ново на Сител
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
-

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
