Македонија
10. March 2021 - 19:43

Д-р Игор Николов: Да сум на местото на министерот за здравство би поднел оставка

Во денешното гостување во Дневникот на Сител д-р Игор Николов претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку би бил на местото на министерот за здравство би си поднел оставка.

- Да сум на местото на министерот за здравство би поднел оставка, заради тоа што ги остави здравствените работници на цедило, заради тоа што ги остави пациентите на цедило, заради тоа што имаме еден несериозен пристап на набавка, обезбедување на медикаменти и на средства за борба со епидемијата и заради тоа што сме сведоци дека спроведува некои политики коишто не даваат резултати и не се политики на еден здравствен работник, изјави д-р Николов во своето гостување во Тема на денот. 

Д-р Игор Николов додава дека постои уште една причина за оставка на министерот за здравство.

- Министерот за здравство треба да поднесе оставка особено по денешните објави дека за да се обезбедат вакцини некој контактирал со некого за лични бенефити, додава д-р Николов.