Д-р Драган Даниловски: Омикрон е почеток на крајот на пандемијата
Епидемиологот Драган Даниловски во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител смета дека секој нов сој е позаразен од претходниот и дека секој од нив го заобиколува имунитетот од претходниот вирус.
-Со пандемијата имаме искуство веќе две години секој нареден сој беше позаразен од предходниот и секој од нив го заобиколуваше имунитетот од предходниот вирус, а вакцините останаа исти, вели тој.
-Омикронот го заобиколува имунитетот и сега имајќи предвид дека вакцинираните се заразуваат излегува дека вакцините се неефикасни. Добрата вест е што штитат од тешки симптоми и смрт.Бидејќи омикронот е позаразен потребни се повисоки антитела за да се спречи инфекција и заради тоа најзаштитени од омикорн се оние кои прележале и имаат примено две дози вакцини, но битно е колку време поминало од прележувањето како и од вакцините. Третата доза е најдобра одбран од повторна инфекција затоашто го бустира имунитетот , вели Данаиловски.
Даниловски смета дека Омикрон е почеток на крајот на пандемијата.
-Мислам дека омикронот е почеток на крајот , малку е веројатно да се случи катаклизма заради појава на нови варијатни, вели епидемиологот.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
