Македонија
28. January 2021 - 17:51

Д-р Даниловски: За младите потребна е едукација за британската мутација, а не рестриктивни мерки

Мутантот бидејќи е свртен и кон младите заради неговата поголема заразност, од друга страна заради нивната поголема динамичност и поголем интензитет на социјални контакти мислам дека наместо рестрикции треба интензивно да се искомуницира со младите, преку медиуми, училишта, меѓу семејството пред се, за жал треба и родителите некој претходно да ги едуцира, вели доктор Даниловски за Сител.

Доктор Даниловски вели дека со строгите рестриктивни мерки на подлога на неинформираност или погрешна информираност на младите само ќе создадат пркос и отпор, иако тој смета дека е илузорно да се оди на настава во живо.

Тој вели дека дека треба нешто да се направи во редифинирањето на работното време на кафеаните или клубовите иако кратењето на работното време е работа на Комисијата за заразни болести, докторот сметка дека доколку почне бројот рапидно да расте редефинирањето на работното време на кафеаните е единствена опција.