Македонија
26. November 2020 - 11:23

Д-р Беќаровски: Кислородот е лек или отров за ковид пациентите - разликата е во дозата

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија посочува дека несоодветното давање кислород на пациентите заболени од Ковид-19 често може да предизвика многу поголема штета, отколку корист.

„КИСЛОРОДОТ

ЛЕК ИЛИ ОТРОВ, РАЗЛИКАТА Е ВО ДОЗАТА

Овие денови кислородните боци и концентраторите за кислород се најбарани производи не само во болниците, туку и од приватните лица. 

Стравот од Ковид-19, но пред се стравот од ужасните искуства со 'неизмерен глад за воздух" од една страна и се поголемата лимитираност на болничките капацитети принудија голем дел од нашите граѓани да купат боци со кислород и концетратори за О2, со цел да бидат користени во домашни услови.

Во оваа прилика би сакал да напоменам дека оксигенацијата на организмот е цела наука и несоодветното давање на кислород често може да предизвика поголема штета отколку корист. КОНЦЕНТРАТОРИТЕ НА 02 се многу побезбедни во тој поглед бидејќи можат максимално да произведат до 5 литри кислород во минута, доза која ретко може да предизвика хипероксигенација. 

Боците содржат компримиран О2 кој може да достигне притисок до 12l/min, што посебно при долготрајна неконтролирана употреба може да предизвика многу сериозни компликации.

Кај сите потешки форми на Ковид-19, со појава на ПНЕУМОНИЈА, неконтролираното давање на високи дози на кислород може ДОПОЛНИТЕЛНО да го уништи веќе воспаленото белодробие.  

Неправилната хидратација на кислородот од боците, кој е во гасовита форма, може ДОПОЛНИТЕЛНО да го иритира белодробието.

Неправилното ракување со кислородните боци и ненавременото затворање на вентилот, веќе предизвика ЕКСПЛОЗИИ кај нашите соседи во Бугарија и Србија.

ЗАТОА, многу, многу, многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, бидејќи може место на Вашите најмили да им помогнете, многу да им одмогнете.

Медицината е сепак наука која не случајно се учи цели 12 години !!!!!!“ напиша д-р Беќаровски на својот фејсбук профил.

КИСЛОРОДОТ ЛЕК ИЛИ ОТРОВ, РАЗЛИКАТА Е ВО ДОЗАТА Овие денови кислородните боци и концентраторите за кислород се...

Posted by Bekjarovski Niko on Среда, 25 ноември 2020