Д-р Балоски: Ламбда сојот е со тројна мутација, кај и да е ќе дојде и кај нас
Пулмологот д-р Марјан Балоски вели дека Делта сојот е ризик за младите на возраст од 18 до 30 години. Тој во изјава за ТВ 24 рече дека симптомите на оваа варијанта се поинакви, но само на почеток, а потоа состојбата драматично се влошува.
- Во почетокот можете да имате главоболка, кивавица, течење на носот и да помислите сте седеле под клима или сте возеле со отворен прозорец, или да мислите дека баш сега сте добиле алергија за првпат. Најчесто младите мислат дека не е ништо сериозно, а го шират вирусот, па затоа сакам да испратам еден апел до сите кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија или настинка да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19, вели Балоски.
Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за Ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.
- Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица