Д-р Асани дал изјава дека Веапоска ја породил со машко бебе, а таа дома си отишла со женско
Во целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар, Јилдиз Веапоска, по породување во струшката болница со царски рез излегла без еден јаник, еден бубрег и без матка пишува дека директорот и гинеколог Мухамед Асани дал изјава пред членовите на Лекарската комора, во која навел дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско, објави „Слободен печат“.
Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот.
„Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници.
„Не можеле да утврдат лекарска грешка, а повреден бил крвен сад. Јас сама го повредив?“, прашува Веапоска за “Слободен печат”.
И покрај тоа што во извештајот пишува дека имало крварење од артерија на левата страна и затоа бубрегот морало да биде изваден, за петчлената анонимна и гарантирано заштитена комисија на Лекарската комора, пропусти официјално во заклучокот, не се пронајдени.
„Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пациентката. Според горенаведеното, Лекарската комора на РМ не констатирала лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката Ј.В.“, се наведува во извештајот на Лекарската комора.
Ново на Сител
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
-
МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
-
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
-
Кривична против три лица кои на 10 мај опожариле викенд куќа во велешко
-
Приведен 49-годишен кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта