Цветков: Се надеваме на решение со Хрватска за виното

Ако Хрватска остане на истиот став во врска со воведените нетарифни бариери за увоз на македонското вино, ќе бидеме приморани да преземеме соодветни мерки, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Според него, се уште се чека одговорот од Хрватска откако од македонска страна и официјално беше побарано објаснување за воведените дополнителни услови за увоз на вино.
- Се надеваме дека ќе најдеме решение на проблемот за да нема потреба од воведување реципрочни мерки. Очекуваме Хрватска да се изјасни, но ако остане на истиот став, ќе бидеме приморани да воведеме соодветни мерки, истакна Цветков.
Од 1 јануари годинава во Хрватска е донесен нов Правилник за увоз на вино од трети земји, меѓу кои и Македонија. Согласно Правилникот, се воведуваат дополнителни услови или т.н. нетарифни бариери. Се продолжува периодот на пуштање на виното во продажба, односно потребни се најмалку 32 дена од царинење до пуштање во промет. Зголемени се и барањата за дополнителни анализи и за заштита на животната средина.
Македонија на хрватскиот пазар годишно пласира 17 милиони литри вино што е 24,2 отсто од вкупниот извоз. Вредноста на извезените количини е 11,2 милиона евра. Хрватска е втора земја по Србија по извозот на македонско флаширано вино и трета, по Србија и Германија, по извоз на наливно вино.
Ново на Сител
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
