Цветкоски: Народот бара правда, доста крадење пари од сомнителни тендери
Пред граѓаните на Охрид вечерва митинг одржа кандидатот за градоначалник поддржан од ТМРО Гоце Цветкоски.
Цветкоски пред граѓаните рече дека Охрид е богат град што може добро да функционира доколку изминатите 30 години се работело домаќински, а не со крадење.
– Ако јас сум гласот на народот, тогаш да слушнат сите дека напатениот народ бара правда, ништо повеќе. Има многу работи, проблеми во градот што треба да се решат, но династиите што владејат години наназад не покажаа интерес за основните потреби на граѓаните…Истите проблеми се и во другите градови, но оваа река нема запирање. Охрид е само почеток на нашата битка. Прв ќе падне Охрид, па Дебрца, Ѓорче Петров…, рече Цветкоски.
Тој пред охриѓани зборуваше за изминатите години од независноста на државата со, како што посочи, продадено име, историја, знаме.
Најави дека доаѓа денот кога ќе се проверува потеклото на имотот, а украдените пари ќе мора да се вратат на народот.
– Охрид како најголем туристички центар треба да биде најбогат град. Истите оние што сега ќе го спасуваат статусот на градот во УНЕСКО, години наназад даваа дозволи за дивоградбите, земаа пари, станови, имот…Таа практика на украдени пари од тендери ќе престане кога на изборите граѓаните ќе си го вратат своето, рече Цветкоски.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите