Цветан Трипуновски: Добро е што СДСМ и Зоран Заев се охрабрија да излеземе на избори
Согласно теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ денеска сме во Ново Село на разговори со жителите од Ново Село.
Согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ разговараме за сите проблеми кои што ги тежнеат жителите од Ново Село. Кои што ќе бидат составен дел од програмата. Се со цел да понудиме решенија на овие проблеми.
ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане меѓу граѓаните и постојано ќе разговара за сите оние ситуации кои што ги тежнеат.
Сакам да истакнам дека добро е што СДСМ и Зоран Заев се охрабрија конечно да излеземе на избори, и граѓаните конечно да си го кажат своето незадоволство.
Се наоѓаме во југоисточниот дел на Република Македонија, поточно во земјоделскиот крај каде што на огромно незадоволство земјоделците информираат дека се клекнати на колена, дека едноставно овие две и пол години колку што СДСМ е на власт ги преживуваат најтешките години од своето постоење.
Само за потсетување немаше земјоделска категорија, немаше земјоделец кој што не беше разочаран од не ценење на неговиот труд. Немаше земјоделски производ кој што не беше фрлен на буништата наместо да се продадат по европските пазари како тоа што го ветуваше СДСМ и Зоран Заев, дека откупувачите ќе се тепаат за кој да го земе нивниот род.
Она што вака во овие денешни разговори во Ново Село кои што ќе бидат преточени во проекти, односно решенија во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ значат дека ВМРО-ДПМНЕ има концепт за подобра иднина на сите граѓани во Република Македонија, меѓу кои и нормално и земјоделците.
И се надеваме дека СДСМ конечно ќе излезат на избори ако во меѓувреме не се предомислат, со оглед на оние ситуации кои што ги има во моментот.
Така да овие разговори се во онаа постојана комуникација, што ќе значат подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.
Од тука сакам да упатам дека во овие разговори, овие проблеми кои што ги посочија жителите на Ново Село ќе бидат преточени во решенија, односно проекти во идната предизборна програма која што ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ наредниот период.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец