ЦУК: „Само“ 1.661 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие, по зголемениот број од 2.020 до 2.145 во празничните деноноќија
Во изминатото деноноќие, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.661 повици на единствениот број за итни случаи 112 (по зголемениот број од 2.020 до 2.145 во празничните деноноќија). Од нив, „реални“ повици биле 43,41%, а 56,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти ЦУК.
Според генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 50,83%, кон Итната медицинска помош 46,28%, а кон пожарникарите 1,24%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 1,65% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 56,59% - вкупно на број 934 повици, (за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 1.243), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“