ЦУК: Пет пожари на отворено за 24 часа
Пет пожари на отворено има регистрирано Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие.
Пожарникарите од ТППЕ - Битола, како што информираат од ЦУК, имале една интервенција на запалени ниска вегетација и ѓубре во селото Облаково. Две интервенции имала прилепската ТППЕ - една интервенција на запалена трева во шума кај манастирот „Свети Илија“, месност „Писокал“ кај селото Кален и друга, на запалена ниска вегетација кај фабриката „Билјана“ на регионалниот пат Прилеп - Крушево. Интервенирано било со едно противпожарно возило и три пожарникари.
Пожарникарите од кочанската ТППЕ, во период од 19.15 до 20.55 часот на магистралниот пат Кочани - Штип, во атарот на селото Тракање, интервенирале на гаснење запалена трска и стрниште со едно противпожарно возило и два пожарникара. Пожарникарите од ТППЕ - Берово, во период од 11.30 до 12.30 часот во атарот на селото Чифлик, имале интервенција за гаснење на запалена ниска вегетација со едно противпожарно возило и два пожарникара.
Од ЦУК повторно апелираат да не се пали вегетација на отворено и редовно да се чистат локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
- Во последното деноноќие имало вкупно 2.105 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, од коишто „реални“ повици биле 53,16 отсто, а 46,84 проценти - за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,53 отсто, кон Итната медицинска помош - 25,39 проценти, кон пожарникарите 3,45 отсто од реалните повици кон 112, додаваат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани