ЦУК: Нема активни пожари
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден вкупно 14 пожари се регистрирани на отворен простор, коишто се изгаснати.
-Изгаснати се пожарите во с. Злокуќани (запалена дива депонија), Арачиново, с.Грушино (стрниште и сува трева); Општина Карпош (запалена дива депонија), Општина Дојран, с. Ѓопчели, површина 6 ха (ниско стеблеста шума и прнар - даб) - пожарот е локализиран нема активно горење, Општина Долнени помеѓу с. Ропотово и с. Пешталево (сува трева), Општина Кривогаштани (депонија) - во два наврата е опожарена и е интервенирано на депонијата, Општина Лозово с. Павлешенци (дива депонија); Општина Куманово, с. Речица месност „Аџи тепе“ (нискостеблеста шума и грмушки); Општина Куманово, с. Пчиња - месност „Ристово трло’ (сува трева); Општина Карбинци (Штип), с. Трогерци (стрниште), Општина Долнени, с.Сарандиново (сува трева) и во Општина Демир Хисар с. Сопотница (зафатен со пожар дел од куќа), информираат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради