ЦУК: Изгаснати најголем дел од пожарите што беа активни
По врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи на РМ во извештајот за состојбата до 11 часот.
Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, е под контрола. Гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ Прилеп. Од ЦУК велат дека пожарот е далеку е од манастирот Трескавец и нема опасност по него.
Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола. Екипите од утрово се на терен за проверка и целосно локализирање на пожарот.
Пожарот кај село Никодин е ставен под контрола. Во правец на село Фариш ангажирани се вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Шумскиот пожар во атарот на село Норово е под контрола. Гори сува трева и ниско дабова шума. Екипите се на терен, а во зависнот од процените, постои можност за ангажирање на подршка од воздух со авионите на ДЗС. Од утрово на терен се екипите на ТППЕ Крушево, ШС „Липа“, ЕЛС и ЈП Комуна и месно население.
Пожарот на местото Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е под контрола. Гори пасиште (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости