ЦУК: Два активни пожари во прилепско и кривопаланечко
Пожарот во прилепско се уште е активен, а утринава има нов пожар во кривопаланечкото село Кркља, соопшти Центарот за управување со кризи.
Оттаму информираат дека во гаснењето на пожарот во кривопаланечкото село од кога е пријавен пожарот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а од 8 часот упатена е уште една екипа со четири лица со теренско возило од „Осогово“, подружница на „Национални шуми“.
Активен останува и пожарот во прилепско каде гори сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Таму вчера заради брзото ширење на пожарот беа активирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија по два прелета.
Во последното деноноќие, според информациите од ЦУК, имало пријави за вкупно 23 пожари на отворен простор, вклучувајќи го и пожарот во кривопаланечко.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар