ЦУК: Активен е пожарот во липковското село Виштица

Активен е пожарот во липковското село Виштица, соопштија денеска од центарот за управување со кризи. Пожарот кој зафати ниска вегетација и деградирана шума е на непристапен терен и екипите на кумановската противпожарна единица не можат да интервенираат, појаснуваат од ЦУК.
- Вчера за настанатата ситуација се известени се ЈП „Национални шуми“ подружница од Куманово. При комуникацијата со полициската станица Матејче е добиено известување дека пожарот е сè уште активен на непристапен терен, велат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 14 пожари на отворено во последното деноноќие од коишто утрово еден пожар на отворено сè уште е евидентиран како активен. Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека завчера пожарникарите од ТППЕ Куманово во период од 14:05 до 15:25 часот биле на интервенција на пожар во атар на село Виштица. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и деградирана шума. Поради непристапноста на теренот екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интервенираат.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.
Ново на Сител
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
