Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се: Нема преговори за идентитетот и промена на Уставот со цел промена на уставното име
Костадин Богданов, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потврди црвените линии на партијата во однос на преговорите за името со Грција во вечерашната емисија ,,Отворено’’ на ТВ 24. Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како и претседателот Христијан Мицкоски во повеќе наврати ги истакнале црвените линии на најголемата опозициска партија во однос на преговорите за името.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име, како и преговори за македонскиот идентитет.
Според Богданов, опозицијата не е доволно информирана за едно вакво клучно прашање.
-Опозицијата нема доволно информации, информациите ги добива од медиумите, а што е најтрагично од грчките медиуми, рече Богданов.
Посочи дека преговорите се одговорност на власта, а македонскиот народ заслужува достоинствено решение на проблемот.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот