Македонија
17. September 2022 - 16:34

Црвениот крст со конвенција во Битола го одбележа Светскиот ден по Прва помош

Спасување на лица заробени во пожар, давање прва помош при случена сообраќајка. Што треба да се направи за да им се укаже помош на овие лица? Симулациите на пожар и сообраќајка во Битола, имаа цел на присутните граѓани да им го покажат значењето на укажувањето на првата помош и колку влијае врз спасувањето на живот. Ова беше дел од Конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола на која учествуваа сите организации од цела држава на Црвениот крст. На неколку пунктови по Широк Сокак се прикажа прва помош при сите животозагрозувачки состојби.

-Можност граѓаните да го обвоват познавањето од пружање прва помош, она што треба секој од нас да го знае за да помогне, да се намалат повредите и да се намали смртноста, изјави проф. д-р Ромел Велев, претседател на Црвен крст.

Овие моменти служат за обнова на знаењето.

-Еднаш стекнато знаење се памети за секогаш, ова се моменти тоа да го повториме, да го обновиме. Не би рекол дека нашиот народ е комплетно непознавач на овие состојби, но мора да има реафирмирање за решавање на секојдневните ситуации, изјави Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст.

Настанот се одржа по повод Светскиот ден на прва помош.