Црвениот крст од Струга отвори пунктови за донации за настраданите од Тетово

Општинската организација на Црвениот крст – Струга денеска се приклучи кон акцијата за помош на настраданото население од невремето што пред неколку дена ги зафати Тетово и Тетовско.
Претседателката на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути информира дека граѓаните може да донираат вода и средства за хигиена на пунктовите во просториите на организацијата и на Градското шеталиште.
- Клубот на млади постави пункт за донации во просториите на Општинската организација на Црвен крст и на Градското шеталиште. Присуствува и група студенти од Тетовскиот универзитет кои ќе ја помогнат акцијата за собирање, пред се вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција, рече Даути.
Граѓаните може да донираат за настраданите од невремето во Полошкиот регион и на сметката за солидарноста на Црвениот крст 300000001327966, ДБ: 4030984271620 - Комерцијална Банка, на телефонските броеви за донации 075/070/077 143-400, 100 денари од повик и во општинските организации.
Ново на Сител
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
