Црвениот крст исплатил хуманитарна помош на 3.515 настрадани семејства

Црвениот крст на Република Македонија денеска соопшти дека извршил исплата на хуманитарна помош на 3.515 настрадани семејства во кризните региони - Скопје и Тетово, согласно списоците од надлежните институции кои ги содржат податоците за лицата погодени од поплавите.
- Поради недостатоци во податоците, средствата од хуманитарната помош не се префрлени на 426 семејства и истите се контактираат од страна на Црвен крст на Република Македонија со цел комплетирање на податоците потребни за исплата, велат од Црвениот крст.
Од Црвен крст на Република Македонија посочуваат дека во своето работење се раководат од позитивните правни норми во државата. - Во овој контекст, при исплатата на хуманитарната помош до настраданите семејства Црвен крст на Република Македонија го примени членот 3 од Законот за персонален данок на доход согласно кој при секоја исплата кон физичко лице (освен во случајот на чллен 6 од Законот за персонален данок на доход) потребно е да се плати персонален данок во висина од 10 отсто, се додава во соопштението од Црвениот крст на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
