Кошарка
3. August 2015 - 10:29

Црвена звезда најде замена за Маријановиќ - "Бејби Шек" доаѓа во Белград

Актуелниот првак на АБА лигата, тимот на Црвена звезда го ангажира грчкиот репрезентативен центар Софоклис Скорцијанитис и со тоа го поплни местото во тимот кое остана празно позаминувањето на Бобан Марјановиќ во НБА.

 
 
30-годишниот Скорцијанитис со своите 208 сантиметри и 158 килограми се очекува да биде големо засилување за „црвено-белите“ во чии редови доаѓа од Макаби Тел Авив.
 
Тој, минатата сезона на 26 натпревари во Евролигата имаше ефект од 6,7 поени и 2,4 скока по натпревар,сезоната 2013/14 со израелскиот тим ја освои Евролигата, а во сезоната 2010/11 се најде во идеалната петорка на елитното европско натпреварување.
 
Скорцијанитис настапувал и за Олимпијакос, Панатинајкос, Арис, Ираклис и Канту.