Црвен крст: Ситуацијата во Алепо се повеќе се влошува
Хуманитарната ситуација во источните делови на сирискиот град Алепо, кои се под контрола на бунтовниците, секој ден се повеќе се влошува, а сириската Влада продлжува со напади на населените реони, соопшти претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
- Резервите од храна се при крај, поради што цените на најнеопходните производи, како што се леб, брашно, леќа и млеко, драстично се зголемуваат, истакна портпаролката на МКЦК во Дамаск, Инги Седки.
Во повеќето квартови од градот драстично е намалено и количеството на гориво и многу луѓе останале без електрична енергија и греење за претстојната зима.
Повеќе од 250.000 луѓе се блокирани во источниот дел на Алепо. од почетокот на овој месец ОН се обидува да склучи договор со кој ќе се дозволи доставување на хуманитарна помош и евакуирање на повредени лица.
- Итно се потребни гаранции за безбедност од страна на завојуваните страни во Алепо, со цел да обезбедиме хуманитарна помош за населението, нагласи Седки, чија организација нема пристап до реонот уште од април.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци