Балкан
24. December 2021 - 8:45

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е позитивен на Ковид-19

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на коронавирусот, откако, како што е претходно соопштено, имал контакт со позитивно лице на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Во согласност со епидемиолошките мерки престојува во самоизолација и оттаму ќе ги извршува редовните претседателски должности“, соопштено е од Кабинетот на Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ претходно ги откажа сите закажани состаноци, вклучително и средбата со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.