Црногорски ФЗО: Србија на граница заплени три респиратори наменети за Црна Гора
Од петте респиратори што црногорскиот Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) ги нарача од претставници на шведски производител, вчера три беа задржани на границата со Србија, а потоа и конфискувани, потврди за подгорички „Вијести“ диркеторот на Фондот Сеад Чиргиќ.
Тој одговори дека не станува збор за донација, туку институцијата потпишала договор со снабдувачот, „Фармонт“, а испорачани се два апарати. Чиргиќ објасни дека според информациите на снабдувачот, трите преостанати респиратори се запленети.
– Што се однесува до трите респиратори, не можеме да сметаме на нив бидејќи тие беа конфискувани од страна на Република Србија. Апаратите се нарачани од претставник на шведскиот производител на респиратори со седиште во Србија. Но со оглед на тоа дека за тој вид опрема е воведена забрана, испорака не е можна, изјави Чиргиќ за „Вијести“.
Ново на Сител
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско