Балкан
18. December 2017 - 12:04

Црногорската полиција уапсила седум лица поради трговија со дрога

Црногорската полиција утрово уапси седум лица и запленила 982 килограми марихуана, 1,7 килограми хероин и три килограми смеса за зголемување на тежината на дрогата. 

Лицата се уапсени во рамките на продолжението на операцијата „Бока“.  

Акцијата се спроведува во Котор, во станбениот комплекс, што е познат под називот „Пентагон“, а во него живеат повеќе припадници на криминалната банда „шкаљарски клан“.