Црногорска агенција бара одговорност од ТВ Хепи, Пинк М и РТС
Советот на Агенцијата за електронски медиуми (САЕМ) на Црна Гора соопшти дека ќе бара од српскиот регулатор да ја утврди одговорноста на телевизиите Хепи, Пинк М и РТС за кршење на стандардите и најави можност да ги укине емитувањата на тие програми на територијата на Црна Гора.
САЕМ во соопштението наведува дека ќе побара од српскиот регулатор за електронски медиуми да поведе постапка за утврдување на одговорност на ТВ Хепи, Пинк М и РТС за кршење на стандардите пропишани со Конвенцијата за прекугранична телевизија и Директивата за услуги на АВМ да преземе соодветни мерки.
САЕМ тоа го бара бидејќи воочиле дека радиодифузерите користат погрдни, навредливи или вознемирувачки изрази кои поттикнуваат негативни емоции, искажување непријателство или желба за дискриминација како и омаловажување или обезвреднување на припадниците од црногорска националност, негирајќи го нивниот национален идентитет и посебност.
Конвенцијата за прекугранична телевизија и Директивата за услуги на АВМ предвидуваат дека сите емисии во однос на нивната презентација и содржина треба да го почитуваат достоинството на човекот и основните права на другите, и не смеат, особено, несоодветно да го потенцираат насилството или да поттикнуваат расна нетолеранција, исто така не смеат да содржат поттикнување на омраза врз основа на раса, пол, религија или националност, истакнува црногорската агенција за електронски медиуми.
Ново на Сител
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава