Црна Гора за еден и пол месец додели 28 државјанства на руски граѓани
Црногорската Влада во заминување на премиерот Здравко Кривокапиќ од 1 јануари до 15 февруари додели 28 економски државјанства на граѓани на Руската Федерација, покажуваат податоците на невладината организација Центар за граѓанско образование.
Кривокапиќ, исто така, им додели економско државјанство на четворица американски државјани со руско потекло, четворица државјани на Јужноафриканската Република, како и по еден државјанин на Украина и Узбекистан.
ЦГО соопшти дека за 14 и пол месеци Владата доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половина од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години од почетокот на примената на Законот за државјанства од 2008 година. Посочуваат дека освен во случајот за 10 државјанства за кои не е наведено кој е предлагач, сите почесни државјанства од оваа Влада се дадени на предлог на Кривокапиќ.
Владата на Црна Гора на електронска седница на 30 декември минатата година одлучи да ја продолжи Програмата за стекнување државјанство преку инвестиции за уште една година, односно до крајот на 2022 година, и покрај жестоките критики од Европската комисија.
Програмата опфати давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои вложуваат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт