Црна Гора размислува за целосно затворање на државата
Државниот секретар на Министерството за здравство на Црна Гора, Борко Бајиќ изјави дека целосно затворање на државата е опција за која се залага Институтот за јавно здравје и одделот од кој доаѓа, но дека оваа одлука не може да се донесе без проценка на други релевантни институции, пред се на министерствата за економија и финансии.
Тој рече дека од проценка на епидемиолошкиот ризик, најдобро е да се затворат границите со околните земји.
– Имаме неколку опции да го држиме сообраќајот преку границата. Тоа се т.н. пасоши за вакцинација, односно потврди дека некој е вакциниран, потоа потврди дека некој прележал коронавирус и ПЦР тест како гаранција дека некој не бил заразен во последните 72 часа, рече Бајиќ.
Тој додаде дека во последните неколку дена има стабилизација на епидемиолошката состојба, наведувајќи дека мерките во земјата се ригорозни.
Според него, затворањето е најдобриот начин да се намали епидемиолошкиот ризик во ситуација кога има недоволно почитување на мерките.
Бајиќ изјави дека земјите што воведоа целосно заклучување успеаја да ја намалат стапката на нови случаи, но дека ваквиот тренд трае неколку месеци. Одлуката за таков режим, како што рече, не е лесна за донесување.
Ново на Сител
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје