Црна Гора испрати финансиска и хуманитарна помош за Македонија

Владата на Црна Гора издвои 200 илјади евра помош за настраданите во невремето и поплавите што ја зафатија Република Македонија.
Амбасадата на Црна Гора соопшти дека 100 илјади евра се финансиска помош што е наменета за буџетската резерва на Македонија, а 100 илјади евра е хуманитарна помош, медицинска и интендантска опрема.
Помошта ја подготвија неколку институции - Војската на Црна Гора, Дирекцијата за вонредни ситуации при МВР и главниот град Подгорица, а на повик на премиерот Мило Ѓукановиќ се вклучија и повеќе приватни компании од Црна Гора.
Хуманитарната помош е натоварена на шест камиони, а се состои од 62,9 тони флаширана вода, 3000 конзерви со храна, 50 комплети храна за бебиња и пелени, 1000 литри средства за дезинфекција, 300 пакети детергенти, 100 пакети за хигиена, 20 шатори, 1000 вреќи за спиење, 2100 лопати, 5000 пешкири, 100 мантили за дожд, 2000 полициски ранци, 50 носилки за повредени лица, 100 чифта гумени чизми и 400 ќебиња.
Хуманитарниот конвој од Црна Гора се очекува да пристигне на граничниот премин Ќафасан денеска околу 12 часот напладне, а ќе го пречекаат црногорскиот амбасадор во Македонија Предраг Митровиќ и првиот секретар во Амбасадата Јелена Милачиќ
Ново на Сител
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
-

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми
-

Кривична за поранешна претседателка на комисија во Министерство за здравство за несовесно работење при надзор над медицински канабис
-

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари
-

Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година
-

СП 2026: Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија
