Црна Гора има најголем економскиот пад во регионот и во Европа
Падот на црногорската економија годинава ќе изнесува 14,3 проценти, според новата прогноза на Европската комисија (ЕК).Тоа е поголем пад на бруто домашниот производ (БДП) од последните проценки дадени од Светска банка (СБ) – 12,4 проценти и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) – 12 проценти и драстично поголем од оној што ЕК го имаше на пролет, од минус 5,9 проценти.Сите претходни прогнози се дека црногорската економија ќе има најголем пад на БДП во регионот годинава, и е на врвот според падот во Европа.
Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) очекува економскиот пад годинава да биде околу 17 проценти, но тоа не е конечната прогноза. ЕК проценува дека јавниот долг на Црна Гора годинава ќе изнесува 87,3 проценти од БДП.
Светската банка неодамна процени дека на крајот на оваа година ќе изнесува 93 проценти и дека инаку високото ниво на јавен долг ќе достигне врв од 98 проценти во 2021 година. Според прогнозата на ЕК, јавниот долг на Црна Гора ќе биде 85,6 проценти од БДП во 2021 година, и 83 проценти во 2022 година.Според есенските прогнози на ЕК, црногорскиот БДП се предвидува да порасне за 6,8 проценти следната година и за 3,7 проценти во 2022 година.
Ново на Сител
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија
-
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга