Црна Гора: И претседателот и премиерот ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН

И претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот Дритан Абазовиќ ќе учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк од 18 до 26 септември.
Досега во оваа земја, при одењето на седницата на Генералното собрание на ОН се практикуваше систем на ротација, односно една година на седницата присуствува претседателот на државата, а следната премиерот.
Минатата година во Њујорк беше Абазовиќ, кој сега е координатор на Министерството за надворешни работи.
Голема делегација ќе оди со претседателот и премиерот на патувањето во САД, истакнува црногорскиот весник „Вијести“.
Во најавата за патувањето на Милатовиќ во Њујорк, неговиот кабинет соопшти дека тој ќе ја предводи црногорската делегација на заседанието на Генералното собрание на ОН и на Самитот за цели за одржлив развој.
„На маргините на овој Самит планирани се бројни средби со високи претставници на други земји, академската заедница и црногорската дијаспора.
Со цел зајакнување на ангажманот и видливоста на Црна Гора во мултилатералниот систем, а преку планираните активности на овогодинешната седница на Генералното собрание на ОН, делегацијата предводена од претседателот на Црна Гора особено внимание ќе посвети на промоцијата на кандидатурата на нашата земја за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2026-2027 година“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
