Балкан
13. December 2016 - 15:14

Црна Гора денеска отвори две нови поглавја во преговорите со ЕУ

Црна Гора денеска отвори две нови поглавја во преговорите со Европската Унија - поглавјата 11 и 19, за земјоделие и селски региони и за социјална политика и вработување, информира Танјуг.

Европската комисија оцени дека Црна Гора постигнала добро ниво на хармонизација и административен капацитет за почнување на преговорите во овие области.

Црна Гора досега отвори 24 од вкупно 35 поглавја,а две се привремено затворени.

Оваа земја преговорите со ЕУ ги почна во јуни 2012 година.