Црн Ковид просек: Во последната недела умираат по повеќе од 30 луѓе дневно
Секој трет тест направен вчера дал позитивни резултати. Според податоците на Министерството за здравство, од 3143 тестирања дијагностицирани се 1039 нови случаи а дури 15 пациенти починале. Црн ден во Прилеп. За 24 часа во градот под марковите кули починале дури 6 лица, сите над 65 години. Само од почетокот на ноември од последици кои министерството за здравство ги поврзува со ковид 19 починале 567 лица што во просек е нешто помалку од 24 смртни случаи на ден. Уште полош е просекот во последните 7 дена. Од минатата среда до денеска починале дури 216 пациенти што е просек од над 30 смртни случаи на ден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56 164. Како оздравени се водат 33 892 лица, а вкупно починаа 1 561.
Болниците се речи си полни, но од Министерството за здравство велат дека се уште има слободни капацитети а како што се јавува потреба така се отвораат и нови. Во таа насока се најавува и стартот на ковид центарот во кој ќе работи медицински персонал од приватното здравство во еден од своите поранешни објекти кој треба да биде приспособен до почетокот на идната недела. Овој капацитет ќе има 100 легла, а само во Скопје вчера се хоспитализирани 39 пациенти и заедно со нив, во болниците на јавното здравство во главниот град се лекуваат 486 пациенти. Од Министерството за здравство велат дека во моментов во скопските ковид центри има дваесетина слободни кревети а се очекува да се ослободат уште неколку откако во текот на денот некои пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38