Македонија
1. September 2021 - 12:16

Credissimo на првиот училишен ден израдува повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

Компанијата Credissimo спроведе кампања под името “Секогаш биди број 1” во која раздаде подароци за првачињата во 18 основни училишта ширум државата.

Општествените активности на водечката ФинТек компанија Credissimo не запираат. Откако ги поддржа вработените на Инфективната Клиника во Скопје во почетокот на годината преку иницијативата “Топол оброк навреме“, компанијата пред неколку недели директно се приклучи во хуманитарна акција за помош на засегнатите граѓани и херои кои беа вклучени во гасењето на пожарите со донирање на огромна количина пакети со храна, пијалок и средства за хигиена. Денес тие ја спроведоа третата општествена кампања годинава. Credissimo на првиот училишен ден, овој пат одлучи да ги изненади и израдува токму најмалите – првачињата. 

По повод петтиот роденден, компанијата реши да раздава подароци, па затоа организира кампања под името “Секогаш биди број 1” во која се подготвија над 550 подароци за првачињата во 18 основни училишта ширум државата. Училишниот караван ги посети дел од основните училишта во Скопје (Бутел, Бардовци, Љубанци и Љуботен), а подароци имаше и за првачињата во Валандово, Јосифово, Берово, Маврово и Ростуше. Во посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Скопје на подароците им се израдуваа сите дечиња од училиштето.

Сметаме дека оговорноста и придонесот кон образованието на младите е одговорност на сите во општество. Токму поради тоа сакаме патот кон напредокот на првачињата да биде поддржан и од нас. Со овие подароци сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме уште од првиот училишен ден да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и секогаш да се борат да бидат број 1 во она што го прават. Ова е трета општествена кампања што ја правиме оваа година, а со посилно темпо продолжуваме и во следниот период - изјави Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Благодарност за кампањата изрази и една од директорките во училиштата. 

Во името на нашето училиште и неговите вработени, како и во името на родителите и пресреќните дечиња, сакаме да искажеме огромна благодарност на Credissimo. Подароците кои ги добивме се од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици бидејќи покрај тоа што училишните пакети ќе им овозможат полесно да ги совладуваат новите работи кои ќе ги учат, ова е и мотив плус за да се радуваат на почетокот на годината и со огромен ентузијазам да почнат да чекорат по едукативниот пат. Ова е прекрасна активност и е одличен пример како една успешна компанија дава свој придонес во општеството, изјави Матилба Бајковска, директорката на училиштето Аврам Писевски во Бардовци.

Од компанијата потврдија дека постојано планираат и подготвуваат нови општествени акции, а за оваа кампања изразија посебна благодарност до нивиот партнер Хелоу Пост кој им помогна сите првачиња да ги добијат своите подароци навреме!