Македонија
5. јуни 2023 - 16:38
„Циркус“ во Судскиот совет
Повторно се разбуди духот на нарушени меѓучовечки односи во Судски. Се утврдува дали разрешената претседателка криела судир на интереси. Нејзиниот сопруг водел спорови пред судии за кои Дамева одлучувала за нивно разрешување или унапредување. Ја советуваа дека морала да праша дали некој член од семејството се тужи, ама Дамеви, дома не разговарале за работа.
Екс претседателката обвини дека се води хајка против неа. Тврди дека го информирала советот веднаш штом дознала за можниот судир на интереси. Засега знае за двајца судии, а колку судски спорови води сопругот на Весна Дамева, советот дополнително ќе анализира.
Неодамна, Холандскиот амбасадор советот го оцени како нелигитимно тело и привремено прекина проект за судски од 1 милион евра.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->