-->
-->
Ципрас во вторник во Скопје
-->
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и зедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.
Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе учествуваат на бизнис форум.
Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат преставници на над 70 големи и средни компании.
Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, надлежното државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“

