Ципрас вети успешно завршување на спасувачката програма следната година
Грција успешно ќе ја заврши спасувачката програма во 2018 година, помогната од суштинскиот економски раст, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вети дека ќе ги поддржи младите Грци како и малите бизниси во процесот на обновување на земјата.
На отворањето на 82. Меѓународен саем во Солун синоќа Ципрас изјави дека грчката економија ќе постигне раст во 2017 година по девет годишната рецесија и додаде дека земјата отворила 236 илјади нови работи места во првите седум месеци од 2017 година, што е најбрзиот раст на вработеноста од 2001 година.
- Грција ја врти страницата...Сигурен сум дека во ова време следната година ќе заврши надзорот на кредиторите, посочи тој и додаде дека е важно е „по излегување од фазата на набљудување да не се правата истите грешки“.
Премиерот нагласи дека странските инвеститори се нетрпеливи да ги искористат можностите, кои им ги нуди Грција.
- Земјата се претвори во стратешки партнер на големите финансиски сили во светот, посочи Ципрас.
Саемот, на кој оваа година има 1.500 изложувачи, е посветен на Кина, која ќе учествува со 150 компании, од кои повеќето во сферата на високите технологии.
Организаторите очекуваат околу 250 илјади посетители од 17 држави. Четириесет и три стопански комори ќе учествуваат со 360 компании, пишува весникот „Катимерини“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата