Ципрас: Прогресивните сили од двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина
Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа.
- Европските социјалисти со ентузијазам го поздравија Договорот со нашите северни соседи. Длабоко верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации објави дека на состанокот на Европската социјалистичка партија (ПЕС), Ципрас рекол дека минатата седмица била историска за Грција поради Договорот од Преспа и одлуката на еврогрупата за грчкиот долг.
- Ги затворивме сметките од минатото, рече Ципрас, според информациите, во обраќањето на подготвителниот состанок на ПЕС.
Тој ги обвини претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење за промена, дека имаат формирано „заеднички фронт на политичка хипокризија и националистички популизам“, објави АНА-МПА и пишува дека учесниците на состанокот ѝ честитале на грчката влада и рекле дека Договорот е „историско достигнување со кое се гордеат сите прогресивни сили во Европа“.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон