Балкан
19. February 2016 - 11:11

Ципрас како нов Сизиф

Вима - Атина

Ситуацијата за Грција се усложнува по вмешувањето на директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Пол Томсен, и преднајавените високи барања на фондот за негово учество во грчката програма за спас на економијата.

Данецот од фондот проценува дека финансиската дупка на Грција која ќе треба да биде покриена до 2018, ќе достигне девет милијарди евра, или ќе биде еднаква на пет проценти од БДП на земјата. За тоа тој бара нови сурови мерки и смело кратење на грчкиот долг.

Тој верува дека само со една строга реформа на грчкиот пензиски систем, односно со драстично кратење на националните расходи за пензии и еднократно намалување на долгот, може да биде обезбедено излегување на Грција од кризата.

Од своја страна, европските експерти ги оценуваат како претерани оценките на Томсен за размерот на финансиската дупка.

Тие ја проценуваат финансиската дупка на околу 2,5 милијарди евра и за тоа сметаат дека се неминовни економски мерки во висина од 800 милиони евра годишно, кои ќе дојдат најмногу од пензискиот систем.

Брисел и Франкфурт гледаат позитивно на структурата на пензиската реформа предложена од министерот за труд, и сметаат дека по 2018 година тежината врез пензиите ќе почне да се намалува.

Но тие го оспоруваат фактот дека со предложениот пораст на осигурителните влогови може да биде покриена финансиската дупка во тој меѓупериод од три години, тоест од сега до 2018 година.

Токму затоа тие од владата бараат да забрза и да примени уште од сега, или поконкретно од јуни 2016, исполнување на владиниот план за реформирање на системот за пензиско осигурување.

Незгодно за владата е што таа се ангажираше да не се намалуваат пензиитеибидејќи е и така изложена на гневот на јавноста, која се спортивставува на порастот на осигурените влогови.

Изразеното несогласување со Пол Томсен и ММФ не значи хеопходно дека владата нашла решение со европејците за кои се гледа дека го чекаат од него во најдобар случај „планот Катрунгалос“ (на министерот за труд) незабавено да биде спроведен што во пракса ќе доведе до побрзо уште од сега намалување на пензиите.

Од таа гледна точка е очигледно дека сложеноста на ситуацијата е голема.

Во земјата, владата на шремиерот Ципрас се гледа со сомнеж и е на пат да ја загуби довербата која сеуште ја има во странство.

ММФ, некогашниот сојузник на Ципрас, сега се сврте во негов најголем непријател. Европејците пак гледаат на него со недовеба, а општеството грми и колне по пратениците и функционери од Сириза исто како во 2012, или пред четири години.

До голема мера потврдата за целата ситуација ја дава германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој тврди дека грчката политичка класа не е во состојба да издржи, ниту пак да го помогне учеството на земјата во дисциплинираната околина на еврото.

Во такви услови, следните седмици се сметаат за особено критични за понатамошниот од на земјата.

Со други зборови, ќе се види дали владата ќе може да ги надмине внатрешните реакции и надворешни сомнежи.

И иако ништо на тоа не укажува дека се можни целосни решенија, сепак е многу веројатно Грција да биде доведена во следните месеци повторно пред избори. Со сите последици од тоа, кои тоа ново гласање би го имале за екомијата, местото на земјата во еврозоната и воопшто за нејзината иднина, особено во ова толку бурно време за целиот свет и пред се за југоисточното Средоземје.