Ципрас и Каменос со различни ставови за вчерашниот протест во Атина

Мнозинството грчки граѓани, кои протестот го следеа преку телевизиските екрани, сметаат дека важните прашања од надворешната политика не треба да се соочуваат со фанатизам и нетолеранција, велат од кабинетот на грчкиот премиер во однос на вчерашниот собир во Атина.
Протестот собра илјадници граѓани, но не и милиони, како што „замислувале организаторите и Самарас и Мицотакис“ од Нова демократија, ги пренесува коментарите дописникот на МИА од Атина .
Грчката Влада нема намера да ја менува надворешната политика. Надворешната политика не се води со митинзи и владиниот план останува во сила, изјави претставник на Владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.
Оттаму коментираат дека „водечки критериуми на владата се патриотскиот интерес, умереноста, внимателноста и упорноста за чисти позиции со цел соработка, согласност и развој. Грчката влада, цврсто ќе ја задржи оваа позиција, со патриотска одговорност затоа што, секоја друга, може да заврши само со национални порази“.
Коалицискиот партнер во грчката Влада и министер за одбрана, Панос Каменос, кој од првиот момент го поддржа протестот, има поинаков став. На твитер тој искоментира дека „собирот бил душата на Грците“.
- Единството на Грците не може да го оцрнат радикални гласови. Протестот беше душата на Грците, независно од партиите и никој не може да не го почитува, напиша Каменос на Твитер.
Како што вчера објави МИА, протестот преку твитер го коментираше и шефот на грчката дипломатија. На неговиот профил напиша дека „рејтинг агенциите добија демант“ и упати критики до опозициската Нова демократија.
„Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината“, напиша Никос Коѕијас на Твитер, пренесе вчера МИА.
Од опозициската Нова демократија, пак, велат дека стотици илјади граѓани ја изразиле националната гордост без протестот да има партиска обоеност, ја изразиле и нивната загриженост, но и нивната недоверба во грчката влада.
- Очигледно е дека Грците немаат доверба во господинот Ципрас, во господинот Каменос и во господинот Коѕијас, да преговараат за било што. Уште помалку за едно важно национално прашање, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Ново на Сител
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
