Ципрас: Грција е подготвена за компромис со кредиторите

Грција е подготвена за компромис и пореди тоа договорот со кредиторите може да се постигне уште денеска, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас при пристигнувањето на самитот на еврозоната, пренесува ТАСС.
- Подготвен сум за уште еден компромис. Ќе може да постигнеме компромис денеска, ако сите го сакаат тоа, изјави тој.
Ние го должиме тоа на народите во Европа, кои сакаат Европа да биде обединета, а не поделена, истакна Ципрас, нагласувајќи дека е подготвен за искрен компромис.
- Денеска ќе имаме тешки разговори и не по секоја цена треба да биде постигнат договор за Грција, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел при пристигнувањето на средбата на високо ниво на еврозоната во Брисел, јави ДПА.
Според Меркел земјите од еврозоната засега немаат изнесено единствена позиција за почетокот на нови преговори за доделување на помош на Грција. - Се изгледа дека засега нема да добиеме документ, едногласно усвоен од Еврогрупата, кој ќе биде повик за почеток на преговори за нова програма за Грција, истакна германската канцеларка.
Меркел, исто така, нагласи дека довербата е загубена.
Самитот на еврозоната денеска треба да одлучи дали Грција утре ќе биде во еврозоната или не, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд при пристигнувањето на средбата за „последна шанса“ за финансиски спас на Атина.
- Франција ќе направи се, за Грција да остане во еврозоната, изјави Оланд, исклучувајќи ја можноста изнесена од Германија за времено исклучување од еврозоната.
Според Оланд Грција може или да излезе или да остане во еврозоната.
- Земјите од еврозоната сакаат да ја задржат Грција во монетарната унија, но има услови, што Атина треба да ги исполни, изјави денеска во Брисел премиерот на Луксембург Ксавие Бетел.
Според него во позициите на одделни држави во еврогрупата има разлики, како и дека постои криза на доверба кон Атина.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
