Ципрас: Бегалската криза е знак за подлабоки проблеми во Европа
Неуспехот на Европа да се справи со бегалскиот бран е симптом за подлабока криза на континентот, што ги заборавил основните вредности, изјави синоќа Алексис Ципрас на предизборен митинг во Атина.
- Кога Средоземно Море се претвори во гробишта, а Егејско Море исфрла мртви деца на своите брегови, самиот концепт за обединета Европа е во криза, како и европската култура, изјави Ципрас, кој се бори за втор премиерски мандат на изборите во Грција утре.
Според него бегалците треба да се запрашаат во која Европа ќе завршат, дали тоа ќе биде Европа, каде пекар од грчкиот остров Кос дели леб на бегалците или Европа на унгарскиот премиер, кој гради огради и дели куршуми не бегалците.
Ако обединета Европа само ги почитува правилата на дисциплина и остава секоја земја сама да се справи со една голема криза, тоа не е Европа за која сонувале нејзините основачи, ниту може да има иднина, истакна Ципрас.
Ново на Сител
-
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон