Цимерот осомничен за убиството на 48-годишниот бездомник во Битола

Битолчанецот П.А.(53) е осомничен за убиството на 48-годишниот бездомник С.Д. од Битола, што се случи ноќта на 24 спроти 25 јануари, во куќата каде што заедно живееле.
Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. за настанот којшто се случил во текот на ноќта на 24/25 јануари во точно неутврдено време.
- Пијавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил од живот С.Д. (48) од Битола, со кого заедно живеел во иста куќа на ул.“4-ти Ноември“ во Битола. Со намера да го прикрие ова свирепо убиство, пријавениот во времето околу 5:50 часот на 25.01.2017 година се упатил во соседната куќа, барајќи помош и кажувајќи дека непознати лица ги нападнале додека спиеле, по што истиот е хоспитализиран во Клиничка болница во Битола, поради укажување медицинска помош, заради повредите за кои изјавил дека настанале при тој напад, се наведува со воопштението од МВР.
На местото на настанот увид извршил ЈО од Битола, како и увидна екипа од ОКТУПА при СВР Битола. Од увидот, од извршените вештачења, како и од разговорите со повеќе лица, вклучително и со пријавениот, констатирано е постоење основано сомнение дека П.А. е сторител на кривичното дело, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
-

Гостин за моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“: Не го забележавме, кажаа од бендот, пред излезот веќе настана стампедо и се чувствуваше мирис на чад
-

Четворица кандидати досега се пријавиле на огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
