Loading Video...
Свет
5. January 2018 - 17:42

Циклонот „Бомба“ однесе 17 жртви низ САД

Околу 60 милиони луѓе се погодени од таканаречениот „Циклон бомба“, кој донесе силни ветрови и обилни снежни врнежи на североистокот на САД. Бројот на загинати се искачи на 17, а поголемиот број од нив се бездомници. Откажани се повеќе од 3000 авионски летови. Во Њујорк паднаа 30 сантиметри снег, а во Бостон 45. Бурата во околината на Бостон била пропратена со бранови кои предизвикале „ретко видена поплава“.Екстремните временски услови донесоа  снег и во Флорида, првпат по неколку децении.Гувернерите на Флорида, на Џорџија и на Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите.Се очекува циклонот да трае и за време на викендот.

КНИГАТА  ЗА ТРАМП  ,,OГАН И ГНЕВ,,  ПУШТЕНА ВО ПРОДАЖБА

Адвокатите на Доналд Трамп со закани за тужба  се обидоа да го спречат издавањето на контроверзната книга на новинарот Мајкл Волф, а главниот извор е Стив Банон, поранешниот советник на Трамп,  во која се оцрнуваат неговото семејство и способност за владеење. Но издавачите  не се уплашија, и  во инает ја пуштија во продажба денеска, по што веднаш се направија полноќни редици пред книжарниците во Вашингтон.„Оган и гнев: во Белата куќа на Трамп“ требаше да биде објавена во вторник, но откако делови од книгата порано излегоа во јавност, Белата куќа се најде во паника. Опишувајќи ја книгата како „лажна“, Трамп рече дека „таа е полна со лаги, погрешни толкувања и со извори кои воопшто не постојат“. Тој тврди дека никогаш не зборувал со Волф.Според експертите, евентуалната тужба од адвокатите на Трамп е осудена на неуспех.

ГРУЗИСКИОТ СУД ГО ОСУДИ СААКАШВИЛИ НА ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР

Судот во Тбилиси го осуди во отсуство поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили на три години затворска казна за злоупотреба на службената должност во врска со случајот за убиство во 2006 година. Судот утврди дека Саакашвили е виновен за злоупотреба на неговите претседателски овластувања, бидејќи се обидел да ги прикрие доказите за убиството на грузискиот банкар Сандро Гирглијани, давајќи помилување за четворица мажи кои беа осудени за убиството.