Циклон над Македонија ни носи големо невреме попладнево

Денешниот ден ќе помине со облаци и врнежи од дожд. Попладне се очекува големо наоблачување кое со прогресија од запад кон исток носи врнежи. Новата циклонска активност ќе биде поизразена во текот на вечерта, кога локално во јужните и источните краишта се очекува појава на пороен дожд. Во овие региони се очекува локално да наврнaт и над 25 литри воден талог на метар квадратен.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.
Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
